Поврзи се со нас

Локални избори 2022

ДИК го презеде избирачкиот материјал за вториот изборен круг

Објавено

на

Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори.

Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблеми од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.

– Лично сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт во вториот круг ќе биде подобрена за што ДИК спроведе дополнителна обука. Но, ние за вториот круг ангажиравме над 400 лица кои ќе ги има на гласачките места и ќе бидат задолжени за техничка поддршка и помош со цел да нема пречки во процесот на гласање. Првото искуство ни овозможи во вториот круг да влеземе поподготвени, а и избирачкиот материјал е помал, изјави Даштевски.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола за седум денови овој пат се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денот ќе го преземат општинските изборни комисии во општините каде в недела ќе има гласање.

-Печатницата го изработи материјалот за првиот круг без никаква грешка, и избирачките ливчиња беа дистрибуирани во најкус можен рок. За вториот круг има помалку материјал кој исто така е исклучително квалитетен со 20 видови заштита и без можности за фалсификување, посочи Даштевски.

АД печатница „Киро Дандаро“-Битола од 2002 година континуирано го изработува и печати избирачкиот материјал за различни изборни циклуси во земјава, беше истакнато на прес конференцијата во овој град.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена