Поврзи се со нас

Македонија

Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од половина милијарда евра

Објавено

на

    Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска, на прес-конференцијата за ребалансот, рече дека Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари (520 милиони евра). Таа очекува, како што напомена, за констатираните состојби да реагира Основното јавно обвинителство.

    Како што рече Димитриеска Кочоска, има многу доспеани обврски кои не се пријавувани.

    • Можам да кажам дека има многу доспеани обврски и дека не се пријавувани. Понатаму надлежноста е на другите иституции. Јас ги кажувам констатираните состојби во Министерството за финансии, истакна Димитриеска Кочоска.

    Таа претходно, соопштувајќи ја владината одлука за ребалансот на Буџетот, информира дека за плати се обезбедени 4,1 милијарда денари, а за исплата на пензиите пет милијарди денари. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти. Вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување, планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки, додека расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

    Министерката, соопшти и дека од КОВИД-мерките во Буџетот, што ги креирала претходната Влада, се скратени 620 милиони денари (10 милиони евра).

    КОВИД-мерките, како што рече Димитриеска Кочоска на прес-конференцијата, веќе не треба да постојат зашто короната е веќе минато и одамна зад нас.

    • Комплетно се скратени 620 милиони денари од КОВИД-мерките предвидени во Владата и повеќе нема што да стои таква мерка – „КОВИД“. КОВИД-от е одамна зад нас и им кажав на моите вработени во Министерството, веќе таков опис да не постои. Нема што да зборуваме за КОВИД во 2024 година, рече Димитриеска Кочоска, одговорајќи на новинарски прашања.

    Во врска со ЕСМ, министерката информира дека државата ќе плати еден дел од гаранцијата што на компанијата и доспева во август. Повеќе од тоа, додаде, нема да има трансфер од Буџетот за ЕСМ.

    • Еден дел од гаранцијата која им доспева во август ќе платиме ние, останатиот дел ги задолживме да го платат сами. Ќе можат, таму различни ни се ставовите, тие имаат еден став. Во овој момент повеќе од тоа нема да има трансфер од буџетот за ЕСМ, потенцира Димитриеска Кочоска.
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена