Локални избори 2022
Димовски: Мојата цел е Гостивар да биде град за достоинствен живот на сите

„Да се биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ овде во Гостивар за мене е голема чест и обврска. Она што можам да го ветам пред сите вас е дека оваа доверба која ми е дадена, чесно, одговорно и професионално ќе ја оправдам пред сите вас. Горд и со огромна храброст и со огромна мотивација ја водам оваа голема битка. Предводник на новата генерација која ќе создаде нова иднина со многу промени, проекти и победи, бидејќи на нас останува должноста да го направиме Гостивар пристојно место за живеење. Тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации.“, истакна на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За обнова на Македонија“ во Гостивар, носителот на листата за советници Гоце Димовски, кој беше најавен како иден претседател на општинскиот Совет.
Во своето обраќање носителот рече дека има чесен и вреден тим, кој посветено ќе работи заедно со него за доброто на Гостивар. „Главна водилка за мене, како носител на советничката листа ќе биде реализација на квалитетна локална политика и програма. Максимално ќе се заложам во програмата во реализација на буџетот, соодветно место да заземат проектите утврдени во програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ми претставува особена чест и задоволство да водам листа составена од чесни луѓе, докажани професионалци кои уживаат углед во својата средина, подготвени посветено да работат за Гостивар. Верувам во сите нив, во нивната стручност и посветеност да се реализираат зацртаните цели. Како тим нудиме одлична програма, во која е утврдена визијата во каков град сакаме да живееме и која ги опфаќа сите проблеми на гостиварчани нудејќи соодветни решенија. Истата е усогласена со програмата на кандидатот за градоначалник доктор Арбен Таравари, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Сите ние споделуваме исти проблеми и ќе изнајдеме заеднички решенија. Како советничка група знаеме во какво својство влегуваме во Советот на Општина Гостивар, знаеме чии интереси треба да застапуваме ние. Јавно ветувам дека со нас, ќе имате пријатели во локалната власт, кои ќе бидат достапни, отворени за сите ваши барања и потреби. Мојата цел е Гостивар да биде град за сите луѓе, уреден и опремен, за достоинствен живот во духот на традиционалните вредности. Прекрасно место за живеење. Каде сите ќе ја планираме нашата иднина и индината на нашите поколенија како приоритет“, подвлече Димовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос