Поврзи се со нас

Занимливости

Директор на болница во БиХ набавил очила за заварување, наместо заштитна медицинска опрема

Објавено

на

Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор бидејќи за време на пандемијата на коронавирус набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо наменети за контакт со заразени пациенти.

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра за штетата што ја нанел на градскиот буџет. Тој самиот ја призна вината и е осуден за несовесно работење, а делот од обвинението во којшто се товари за корупција, е отфрлен.

Обвинението е покренато откако се покажа дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницата, како и за домот за стари лица (патем, наречен „Патување за забава“), и покрај тоа што воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за патничка агенција од Бања Лука.

Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра.

Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костими без декларација, а наместо професионални заштитни очила пристигнале очила за заварување. Сѐ тоа е купено по  цена под 30 илјади евра.

Уапсен е и директорот на агенцијата, Саша Марковиќ, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена