Гостивар
Директорот Мурати во Центарот за вработување во Гостивар, годинава повеќе пари за мерки за вработување

Директорот на државната Агенција за вработување, Беким Мурати денес беше во посета на Центарот за вработување во Гостивар и со раководителот Хисам Амзаи разговараа околу реализацијата на Оперативниот план за 2021-ва година и мерките наменети за невработените.
Мурати изјави дека Оперативниот план за 2022-ра година е во подготовка, а за негово спроведување се предвидени повеќе пари од лани. Минатогодишниот план имаше финансиска рамка од 1,5 милијарда денари.
„Денеска сме во посета на Центарот за вработување во Гостивар, разговараме за реализацијата на Оперативниот план за 2021 како и за чекорите кои треба да ги преземеме за Оперативниот план за 2022-ра година. Можам да кажам дека Агенцијата во целост го реализираше планот минатата година, скоро 94,6% и беа издвоени 1,5 милијарда денари за сите мерки опфатени во планот. Во фаза сме на подготовка на планот за 2022-ра, заедно со Министерството за труд и социјална политика и убеден сум дека до крајот на февруари ќе биде изгласан во Владата и ќе почнеме да го имплементираме. За годинава, се предвидува сумата што ќе се издвои за мерките за вработување да биде малку поголема“, рече Мурати.
Директорот најави дека, Оперативниот план за вработување за годинава ќе ги содржи скоро сите мерки како и претходно. Во нив спаѓаат: грантови за самовработување, субвенционирање на плати, самовработување со кредитирање итн. Сепак, планирано е и надополнување со нови мерки согласно потребите и побарувачката на пазарот на трудот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар