Поврзи се со нас

Гостивар

Дискусија во Гостивар на тема „Дискриминација во средните училишта“

Објавено

на

„Дискриминација во средните училишта во општина Гостивар“ беше темата на која се дебатираше на панел дискусијата што се одржа вчера попладне во Гостивар. На настанот беа презентирани наодите од истражувањето на дискриминацијата во средните училишта во Гостивар, спроведено со поддршка на програмата „Млади градови“ во рамки на проектот „WeUnity“.

Целта на проектот е подобрување на односите меѓу младите од различно етничко, религиско, политичко и социјално потекло во Гостивар како мултиетничка локална заедница.

-Добро е што прашањата поврзани со дискриминацијата во општеството се повеќе се популаризираат и што во борбата против оваа негативна појава секојдневно се приклучуваат нови сили и се интензивираат активностите, што дава надеж дека состојбите можат и се менуваат на подобро. Се трудиме и веруваме дека секоја општина, секое населено место во Северна Македонија постепено станува подобра средина за живеење во која се повеќе се чувствува праведноста, рамноправноста и еднаквоста меѓу граѓаните, рече еден од говорниците, министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Министерот нагласи дека најдобриот начин да се влијае на младите е тоа да биде системски, преку воспитно-образовниот процес и дека затоа МОН почна со реформи.

-Особено ќе ги издвојам промените во основното образование кои, меѓу другото, се насочени и кон тоа младите меѓусебно повеќе се почитуваат, да ги почитуваат различностите, да бидат толерантни и еднакви спрема сите во нивното опкружување и секојдневие. Етапно ги менуваме наставните програми и подготвуваме нови учебници, кои согласно новата Концепција за основно образование, во себе интегрираат содржини посветени на мултикултурализмот, родовата еднаквост, солидарноста и недискриминацијата, посочи министерот, додавајќи дека тоа се вистинските вредности кои младите во нашата земја треба да ги стекнуваат, а модерните образовни системи многу одамна ги интегрирале овие вредности и ги насочуваат младите кон нив.

Промените во образованието кои започнаа од оваа учебна година, наведува МОН, се имплементираат согласно планот за реформи кој е поддржан од Владата, од Собранието, од експертската јавност, од граѓанскиот сектор и од меѓународните организации и институции.

Министерот Шаќири потенцираше дека за успешна имплементација на реформите неопходно е активно вклучување на локалните самоуправи и општинските раководства и ја нагласи важноста на младинскиот и граѓанскиот активизам во наоѓањето решенија за предизвиците во чија основа лежи дискриминацијата.

– Дискриминацијата постои не само во Гостивар, туку помалку или повеќе во целото наше општество, и затоа е неопходно јакнење на соработката меѓу младите, граѓанското општество, владините институции и политичките партии кои заеднички ќе работат на подобрување на меѓуетничките односи, толеранцијата и соживотот, рече Шаќири.

На панел дискусијата говореа и раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче и пратеничката Моника Зајкова.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 40 минути

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 40 минути

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 2 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 3 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 5 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 10 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена