Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Дивите костени како средство во домаќинството и козметиката

Објавено

на

Обичниот див костен е многу популарен за одгледување во паркови и градини во градовите. Но, пчеларите го садат и како плодородно дрво, бидејќи пчелите собираат нектар од неговите цветови.

Најважно – дивиот костен не се јаде. Но, помага при респираторни проблеми, оти тој е антиинфламаторно средство и како таков се користи во медицината и фармацијата. Неговите придобивки и употреба се многубројни и разновидни. Како што пишува бугарскиот портал „24 часа“, има луѓе кои ги собираат костените на улица „за среќа или пари“, или пак, за  да се ослободат од негативната енергија… Други, пак, ги користат за да ги одвратат молците.

Рецептот е лесен. Само неколку треба да се стават во гардеробата, шкаф или комода. Се менуваат со нови секој месец. Може да се стават и околу прозорците за да ги изгонат пајаците.

Дивите костени може да се вклучат и во домашната козметика. Корисни се за кожата бидејќи ја негуваат и подмладуваат. Пулпата од костен има силно затегнувачко дејство. Присуството на големо количество танин и калиум го регулира лачењето маснотии и делува опуштачки на мускулите на лицето. Затоа, пулпата може безбедно и удобно да се користи за правење маски за лице.

За тоа, прво треба да се сварат неколку костени, се лупат и се блендираат. Во добиената смеса се додава лажичка мед и лажичка сок од лимон. Оваа комбинација ќе помогне да се отстранат пигментните дамки и лузни од мозолчиња и акни. Добиената еднолична смеса се нанесува на лицето и се остава да делува 15 – 20 минути. Тоа потоа се отстранува со топла вода.

Се препорачува оваа постапка да се повторува двапати во седмицата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 19 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 20 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 22 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена