Поврзи се со нас

Македонија

Дизелот и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 со нова цена

Објавено

на

ЕУРОСУПЕР БС-95  и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за  76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,888 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој од полноќ ќе чини 39,779 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,248 отсто, кај дизелот за 3,956, кај екстра лесното масло за 3,804 и кај мазутот за 5,692 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,202% отсто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена