Македонија
Дневната евтина струја ќе стартува во декември од 13 до 15 часот

„Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори“, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.
Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.
„Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“, посочи Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања.
Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
„Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките“, рекол Бислимоски.
РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче