Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Дневно по 5 грама сол! Од повеќе се покачува притисок, се оптоваруват бубрезите…

Објавено

на

По повод неделата за подигнување на свесноста за внесот на сол, која се одбележува од 15-ти до 21-ви мај, Светската здравствена организација излезе со неколку совети за граѓаните. СЗО предупредува дека поголемиот дел од солта што ја јадеме е скриена во храната што ја купуваме.

„Подобрувањето на пристапот до свежа храна и намалувањето на скриената сол во преработената храна е клучно за справување со потрошувачката на сол кај населението. Употребата на билки, зачини и лимон се добар начин за додавање вкус и може да се користат како алтернатива на сол.“, наведува СЗО.

Според лекарските препораки дневниот внес на сол во организмот треба да биде по 5 грама (едно лажиче). Ако редовно внесувате повеќе тоа е штетно за здравјето, особено за  крвниот притисок, со што се зголемува ризикот од инфаркт или мозочен удар. Многу сол ги оптоварува бубрезите и на долг рок, може да се појави бубрежна слабост. Прекумерното конзумирање сол, исто така, има негативен ефект врз цревата.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена