Поврзи се со нас

Гостивар

Дневно во земјава антиковид вакцина ќе примаат 2.000 до 2.500 лица, вакцинираните ќе добијат сертификат

Објавено

на

Утре (понеделник) Министерството за здравство ќе го потпише договорот со Синофарм, кинескиот производител на вакцини против КОВИД-19, најави министерот Венко Филипче.

Министерот го презентираше Националниот оперативен план за вакцинација и го објасни  начинот на закажување за вакцинација, локациите на вакциналните пунктови, како и измените кои се направени во делот на приоритетните групи кои први ќе се вакцинираат.

Вакцинацијата ќе се врши во постоечките вакцинални пунктови низ земјата. „На дневно ниво, од вакцината на Синофарм и со работа на пунктовите во полн капацитет очекувам да вакцинираме од 2000 до 2500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот. По примерот на сите земји, вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примена вакцина, но деталите за сертификатот ќе бидат дефинирани во следните денови“, рече Филипче.

Први ќе се вакцинираат здравствените работници поделени по категории.

„Согласно планот први се вакцинираат сите лица од група 1а односно – Здравствени работници кои директно работат со ковид пациенти од ковид центрите и од службите за итни состојби, од клиничките болници, јавни и приватни, од посебните институциите како домовите за стари лица, домови за лица со посебни потреби. Во првата група се и матични лекари и друг здравствен персонал вработен во матичните ординации. Вработени во лаборатории за тестирање и дијагностика, јавни и приватни. Здравствените работници, кои се на вакциналните пунктови, односно тимовите ќе ја спроведуваат вакцинацијата“, објасни министерот.

Здравствените работници од клиниките ќе се вакцинираат во кругот на клинички, тимовите кои ќе ја вршат вакцинацијата ќе се вакцинираат на пунктовите каде работат, останатите здравствени работници oд Скопје ќе се вакцинираат во поликлиника „Букурешт“. Здравствените работници од другите градови ќе бидат вакцинирани во здравствените домови во градот каде живеат и работат.

Можност за вакцинација добиваат сите граѓани над 70 години и тие ќе можат да се вакцинираат по завршување на вакцинацијата на првата приоритетна група здравствени работници.
„Во втората фаза, се вакцинираат: лица постари од 65 години, лица од 18 до 64 години, со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест. Здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, здравствени работници фармацевти, стоматолози и друг здравствен персонал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, новинари и сл. Вработени во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физичко присуство на работа. И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: Вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена и тн. Вработени во банкарски сектор, земјоделие и тн. Останати вработени во образование и во здравство со низок ризик на зараза. Лицата кои не може да одржуваат физичка дистанца (затвореници, студенти од домови, и сл). И на крајот, сите граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години“, рече Филипче.

Закажувањето на вакцинацијата ќе оди преку системот Мој Термин, како и преку онлајн апликација. Матичните лекари ќе добијат список од Мој Термин во кој влегуваат сите пациенти над 70 години. Лекарот сите тие пациенти ќе ги контактира поединечно преку телефон, за да ги праша дали сакаат да се вакцинираат.

„Доколку лицето сака да се вакцинира, матичниот го регистрира пациентот во Мој Термин и забележува на кој вакцинален пункт сака да се вакцинира пациентот, пунктот пациентот го избира сам. Потоа, системот Мој Термин ги закажува точниот датум и време за сите регистрирани пациенти, а матичниот лекар повторно телефонски ги известува своите пациенти за закажаниот термин“, рече Филипче.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 28 минути

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 2 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 3 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 5 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена