Македонија
До 10.000 евра помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

Објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој се обезбедува помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100 проценти од направените трошоци, соопштија од владината прес-служба. Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.
Условите кои треба да се исполнат се:
-лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години,
-истиот за првпат да започнува со земјоделска активност,
-да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство,
– и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.
„Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците. Владата го враќа изгубеното достоинство на земјоделците. Нивниот труд почнува соодветно да се вреднува“, се наведува во соопштението од Министерството за земјоделие.
Нашиот фокус, се посочува, е инвестициите во земјоделството да бидат исплатливи и затоа продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор.
„Младите имаат одлична можност да започнат свој бизнис и да ги искористат можностите кои ги создаваме. Ветивме, се обврзавме и испорачуваме. Владата останува посветена во носење на мерки и проекти за земјоделците“, соопштија од Владата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог