Поврзи се со нас

Македонија

До 2.000 евра државни пари за локални земјоделски манифестации и саеми

Објавено

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање локални манифестации и саеми. За годинава се предвидени вкупно 10 милиони денари за поддршка, а максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари.

-На повикот што е отворен до12 април годинава можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институци, единици на локалната самоуправа, стопански комори и задруги, информира МЗШВ.

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање и не може да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество.

Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина; изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови, огласување во печатени и електронски медиуми и набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама.

Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија, врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми.

Од МЗШВ наведуваат дека минатата година доделиле 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, како и на нови. Вкупната финансиска поддршка беше во износ од пет милиони денари, а оваа година ја удвојуваат вредноста и ставаат на располагање 10 милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 40 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена