Поврзи се со нас

Македонија

До 20 декември ажурирање на регистрите на професионални сметководители

Објавено

на

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно своите законски надлежности, и оваа година спроведува процес на редовно ажурирање на регистрите на сметководители, овластени сметководители и правни лица кои вршат сметководствени работи.

Процесот, како што информира, ќе трае до 20 декември, до кога сите физички и правни лица кои вршат сметководствени работи ќе треба да ги достават податоците и евентуалните промени, при што задолжително треба да ги исполнат условите предвидени во одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи. По завршувањето на ажурирањето на податоците, согласно своите законски надлежности, ИСОС ќе изврши проверка на веродостојноста на доставените податоци и потоа истите ќе ги впише во соодветните регистри.

-Од исклучителна важност за нас, за сметководствената фела, како и за бизнис заедницата е да имаме прецизни податоци за тоа колку физички и правни лица вршат сметководствени работи, бидејќи на тој начин значително се намалува просторот за нелојална конкуренција и се зајакнуваат механизмите за заштита на професијата. Ги повикувам сметководителите навремено и точно да ги ажурираат нивните податоци согласно Законот, бидејќи ова е важно за заштита на интегритетот, стручноста и квалитетот на извршување на професијата, вели претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Податоците кои се дел од регистрите на ИСОС се разменуваат со Централниот регистар на РСМ со што се зголемува транспарентноста во финансиското известување. Истовремено, на деловните субјекти им се овозможува прецизна информација за сметководителите и овластените сметководители кои можат да вршат сметководствени работи, вклучувајќи ги и тие што имаат право да потпишуваат годишните сметки и останати документи за финансиско известување. Со тоа се создаваат услови за унапредување на деловното работење, имајќи ја предвид големата одговорност што ја имаат професионалните сметководители во делот на водењето и евиденцијата на сите финансиски текови.

ИСОС прв пат ги размени податоците со Централниот регистар во декември минатата година, при што процесот покажа значителен успех и придонесе кон точноста и објективноста на финансиските податоци кои сметководителите ги поднесуваат за деловните субјекти. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена