Македонија
До 200.000 денари субвенции за селски туризам, повикот е во тек

Министерството за економија неодамна го објави јавниот повик за доделување субвенции за туристички цели на селски домаќинства. Право на учество имаат физичките лица кои вршат угостителска дејност и се категоризирани согласно Правилникот за добивање на ознаката „селски домаќинства“ во руралните средини.
Како што е наведено во повикот, финансиската поддршка е во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, а треба да се исполнат следните услови: Објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа. Да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство. Да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби). Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредна
Рокот за пријавување е 30 септември 2023 година, а парите ќе се доделуваат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение