Поврзи се со нас

Македонија

До 200.000 денари субвенции за занаетчии за нов алат, машини или нов производ

Објавено

на

    Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.

    Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството.

    Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка

    • На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.

    Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

    • Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството во Република Северна Македонија, им порача Дурмиши на занаетчиите.

    Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена