Поврзи се со нас

Гостивар

До 25 јули портокалова фаза горештини, ослободување од работа на ранливите категории

Објавено

на

    Од денеска до 25-ти јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури.

    Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа.

    Во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

    Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

    „Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, се вели во соопштението.

    Владата на вчерашната 173-та седница одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

    „Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници“, стои во соопштението.

    Градинките, како што се наведува, треба да го организираат работното време во периодот од 7 до 17 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.

    Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од девет дена, од денеска до 25-ти јули, или до натамошно одлучување.

    Според Управата за хидрометеоролошки работи, портокаловата фаза се очекува да трае во следните 10-тина дена. Сите региони во државата ќе бидат во портокалова фаза.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 12 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 13 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 18 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 20 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 22 часа

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 2 дена

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена