Поврзи се со нас

Македонија

До 30 јуни аплицирање за субвенции за обележани грла овци постари од 12 месеци

Објавено

на

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци.

    „Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 овци, кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози, а истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло“, соопштуваат од Министерството.

    Оттаму посочуваат дека земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.8. за обележани грла овци постари од 12 месеци.

    „Корисници на дополнителни плаќања се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, корисници на подмерката 2.8 од Уредбата кои или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на померките 2.12 и 2.8 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло“, известуваат од Министерството.

    Од Министерството ги потсетуваат земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни годинава.

    Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици или електронски преку веб-страницата на Платежната Агенција.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена