Поврзи се со нас

Македонија

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Објавено

на

    Вчера на пладне се отвари системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека главните приоритети за секоја дејност и област остануваат исти, а тие се, како што посочи, квалитетот, иновативност и креативност.

    „Следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за 2024 година направи дополнување на постојните области и дејности со нова буџетска програма – креативни индустрии. Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 година ќе се отвори нова програма со посебни финансиски средства. Условите, правилата и приоритетите за пријавување на новата програма креативни индустрии се објавени на веб-страницата“, рече таа.

    Костадиновска-Стојчевска појасни дека тој конкурс се однесува само на областите и активностите што се дел од креативните индустрии, а не се опфатени со други конкурси и досега немало можности да бидат финансирани.

    „Креативните индустрии стануваат важен двигател во економиите, креираат нови работни места, носат профит, но се и промотори на културниот идентитет. Поставувањето на новата буџетска програма што ќе ги поддржи креативните индустрии е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на кутурната индустрија зошто креативноста, иновативноста и оригиналноста се тројство што кулурата ја издигнува на пиедесталот во т.н нова економија“, рече таа.

    Измени во годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален и јавен интерес во културата има и во делот на заштитата на кутурното наследство во трите области што досега беа во иста пријава – библиотечна дејност, музејска дејност и нематеријално културно наследство (заштита на недвижно културно наследство и аудио-визуелни добра).

    „Целта ни е да го поедноставеме и олесниме процесот на пријавување. Критериумите, мерилата за оценување на пријавите и начините на финансирање не се променети, станува збор само за посебни пријави“, рече таа.

    Кога станува збор за проекти од меѓународен карактер, за наредната година предвидена е и финансиска поддршка на иницијативи и проекти кои се во насока на унапредување на стратегискиот дијалог со САД, унапредување на соработката со дрќжавите-членки на Иницијативата „Отворен Балкан“, како и проекти што се во функција на поврзување со дијаспората.

    „Приоритет ќе имаат и проектите што ќе не промовираат во градовите – европски престолнини на културата во 2024 година, како и земјите претседавачи со ЕУ наредната година“, рече таа.

    И оваа година електорнското пријавување целосно ќе се одвива преку националниот портал за е-услуги, а техничките упатства и поддршката при регистрирањето корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk како и преку контакт-центарот на националниот портал.

    Пријавувањето на Конкурсот за финансиска поддршка за проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година ќе биде можно до 6 ноември на пладне.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 2 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена