Поврзи се со нас

Македонија

До 600.000 денари грант за малите производители на храна

Објавено

на

Бизнис план во земјоделството и поддршка за малите дестилерии, се двете нови мерки кои стартуваат оваа година, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Како што истакна Николовски пред средбата со членовите на „Алијанса Премиум“, годинава ќе продолжи и финасиската поддршка за малите семејни винарии.

-Новата мерка „Бизнис план во земјоделството“ ќе стартува од оваа година преку Програмата за рурален развој. Со неа земјоделците добиваат можност сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицираат на повик кој ќе биде отворен во текот на целата година. Се што треба да направат е да подготват бизнис план и со него да аплицираат за грант до 600.000 денари, тогаш кога ќе бидат подготвени, без да брзаат и без ограничувања со рокови за аплицирање. Преку Програмата за поддршка на малите дестилерии, пак, обезбедуваме до 300.000 денари по корисник за поддршка при набавка на опрема за производство на жесток алкохолен пијалок, а корисници можат да бидат земјоделци мали производители на жестоки алкохолни пијалаци регистрирани во Електронскиот регистар на одобренија за мали производители на пиво, вино, етил алкохо и жестоки пијалоци и кои се евидентирани како акцизни обврзници во Царинската Управа и секако запишано во ЕРЗС ситемот на министерството, рече Николовски.
Според него, успешната приказна на Програма за финасиска поддршка на мали семејни винарии, ќе продолжи и оваа година со грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување, за мали семјени винарии со капацитет до 50.000 литри.

-Благодарение на олеснувањето при нивната регистрација, од 2019 година до денес имаме регистрирани 113 мали семејни винарии, а со поддршката што им ја даваме очекуваме поголем развој на постоечките и мотив за регистрација на нови мали семејни винарии, рече министерот.

Тој пред „Алијанса Премиум“ ја презенитраше и Програмата за финасиска поддршка на малите производители на храна што ја усвои Владата на вчерашната седница. Програмата, како што напомена Николовски, предвидува неповратен грант до 600 000 денари при набавка на опрема за производство, пакување и продажба „од праг“.

-Нашата цел е да мотивираме нови 2 000 земјоделци кои веќе произведуваат некаков традиционален производ, да се регистрираат во АХВ и легално да можат да го вршат прозиводството, но и продабжата на истиот производ развивајќи го концептот за продажба од праг или фарма. Оваа програма е креирана по примерот на програмата за мали семејни винарии, што се покажа како многу успешна приказна, која ни потенцираше дека има многу мали семејни производители кои се заинтересирани да го шират бизнисот, но им треба финансиска поддршка од државата. По успешноста на програмата за поддршка на малите семејни винарии, минатата година им беше доделен грант до 600 000 денари на 59 мали винарии, со новата програма одиме чекор понатаму и ги поддржуваме малите прозиводители на храна, рече министерот Николовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена