Гостивар
До 70 пациенти во 24 часа на преглед на инфективно во Гостивар, повеќето полесни случаи

Актуелниот ковид бран Гостивар го поминува со зголемен број на новозаразени и брзо ширење на вирусот, но повеќето од нив го поминуваат со полесна клиничка слика и без компликации. На инфективното одделение во гостиварската болница моментално хоспитализирани се 22 пациенти, а амбулантски дневно се прегледуваат од 50 до 70 лица.
„На инфективно се лекуваат 22 пациенти, од кои 4 се на кислород, а другите се со средно тешка клиничка слика, сите се со коморбидитети. Дел се вакцинирани, а дел немаат примено ниедна вакцина. Амбулантски прегледи има голем број, од 50 до 70 во текот на 24 часа. Радува што што повеќето се со полесна клиничка слика, иако се позитивни. Ги прегледуваме, им даваме терапија и лекувањето е во домашни услови. Најтешкиот период за Гостивар беше во август-септември, сега омикронот навистина брзо се шири, но дава полесна клиничка слика и вакинацијата делува на тоа, пациентите да поминуваат полесно“, информираше раководителот на одделението д-р Ратко Наумоски.
Според евиденцијата на Министерството за здравство, Гостивар со општините Врапчиште и Маврово Ростуше има 290 активно заразени со коронавирус.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош