Локални избори 2022
До ДИК поднесени 13 приговори за гласањето и сумирањето резултати, 2 се за Гостивар

До Државната изборна комисија (ДИК) досега се поднесени вкупно 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите за локалните избори што се одржаа во неделата.
До Комисијата четири приговори поднела Коалицијата предводена од СДСМ. Едниот се однесува на избирачко место бр. 2121 во општина Јегуновце, а вториот на избирачко место бр. 2118 во општина Јегуновце. Останатите приговори се за избирачкото место бр. 2587/1 во општина Ѓорче Петров и за избирачко место бр. 618 во општина Македонска Каменица.
Од Алијанса за Албанците и Алтернатива има шест приговари, за избирачкото место 0543 во општина Дебар и за избирачко место 2957/1 во општина Шуто Оризари. Два приговори се за општина Гостивар, еден приговор се однесува на сумирање на резултатите за градоначалник на општина и еден кој се однесува на сумирање на резултатите за членови на Совет на општина Гостивар.
Од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се три приговори, за избирачкото место бр. 2844 во општина Центар, за избирачко место бр. 1470 во општина Долнени и за избирачко место бр. 2447 во општина Сарај.
Два приговора се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат на прекршување на изборниот молк.
Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.
Според роковникот за изборни дејства, ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос