Гостивар
До каде се активните мерки за вработување во Гостивар?

Дел од владините мерки за вработување предвидени во Оперативниот план за 2022-ра година, на подрачјето на Гостивар се завршени, некои влегуваат во крајна фаза, а се‘ уште има невработени и компании кои се наоѓаат на листа на чекање.
Според информациите од гостиварскиот Центар за вработување, околу 50% од предвиденото за годината е реализирано. Најдобри резултати за Гостивар се бележат во мерката Самовработување со грант, додека најмалку одобрувања има за Раст на мали и средни претпријатија.
„Дел од активните мерки се при крај, дел се продолжуваат, и може да процениме дека до има 50% реализираност. За Самовработување со грант потпишани се 88 договори, тука има формирање и на ДООЕЛ, и со тоа има вкупно 103 вработувања. Дел од кандидатите се на резервна листа, до крај на месецот очекуваме процедурите да завршат и да имаме вкупно 130 вработувања преку оваа мерка, што е задоволителна бројка. Мерката Субвенционирање на плати за дел од фирмите, односно 37, беше одобрена, дел се на резервна листа, па се очекува до крај на годината да се остварат 70 вработувања. Мерката Раст на мали и средни претпријатија е завршена и за Гостивар само 4 фирми добија одобрување за вкупно 5 вработувања. За оваа мерка исполнета е бројката на државно ниво.“, изјави директорот на Центарот, Хисан Амзаи.
Моментално отворени се огласи за практиканство и бесплатени курсеви за компјутерски вештини. Исто така теше и оглас за Самовработување со кредитирање за секој што сака да отвори свој бизнис со кредит до 10.000 евра, со 1% годишна камата, 1 и пол година грејс период, и 5 и пол години враќање на рати.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден