Македонија
До октомври престанува помошта за социјалци за справување со енергетската криза

Исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата за месец март, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика во врска со информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита.
„Имено, овие корисници го добиваат овој додаток во висина од илјада двесте и три денари согласно последното усогласување во јануари годинава, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за месеците од октомври до март“, согласно Законот за социјалната заштита, се наведува во соопштението.
Со оглед дека во тек е исплата на паричните правата од социјална и детска заштита за месец април, како што посочуваат од Министерството, престанува правото на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, а истото ќе продолжи да се остварува од месец октомври оваа година.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение