Поврзи се со нас

Гостивар

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Објавено

на

Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Тетово. По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна.

– Нема потреба за паника, граѓаните, и родители и сите наставници во училиштата треба да бидат спокојни. Се работи за лажни дојави, за бомби секаде кај што го направивме. Ова се работи и сите проверки укажаа дека се работи за лажни дојави за бомби. Се работи за повеќе од 240 дојави. Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки. Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави, истакна Јанев.

Се истражува која е целта и заднината на овие лажни дојави.

– Веќе сме во соработка со нашите партнери од Интерпол и од Европол. Имаме одредени траги еве ако може така да се изразам и имаме комуницирано и со колегите од Хрватска и со колегите од Унгарија коишто Хрватска пред неколку дена се соочи со истото, а Унгарија, мислам дека некаде околу 23 јануари се има соочено со истите ситуации. Полицијата дополнително со сите директори на училиштата разговараат и точно ќе добијат во текот на денот јасни инструкции како и што понатаму треба да се прави во иднина, доколку се појави сето тоа, посочи Јанев.

МВР ќе ги преземе сите превентивни и репресивни мерки доколку има потреба и ќе открива зошто се прават вакви лажни дојави, рече директорот на новинарските прашања.

– Веќе има дополнителни состаноци помеѓу повеќе министерства, ќе соработуваме во иднина како што треба, задоволен сум дека немаше паника. Секогаш има на некого на којшто не му одговара да бидеме стабилни и безбедни, односно преку едни вакви хибридни или симулација на одредени напади или дојави за да може да направат или да го дефокусираат безбедносниот систем во државата. Македонската полиција, сите агенции за спроведување на законот во изминатите месеци покажаа јасна и неселективна и одлучна борба против сите видови на криминал, истакна  Јанев.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 6 часа

Во дискотеката во Кочани незаконски се користела пиротехника, немало доволно ПП апарати

Македонијапред 11 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 15 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 15 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 16 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 18 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 1 ден

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 2 дена

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена