Македонија
До вторник пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година.
Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.
Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите може да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
На линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8727 се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.
-Ако имате потреба од поддршка при аплицирањето, можете да се обратите до Секторот за ученички и студентски стандард на e-mail: [email protected] или да посетите канцеларијата на приземјето во зградата на министерството, наведува МОН.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград