Македонија
Добивте ли поврат на ДДВ? Од УЈП апелираат граѓаните да внесат точни податоци на апликацијата
Управата за јавни приходи информираше дека исплатата на повратот на дел од ДДВ за второто тримесечје е заокружена.
„Во месеците април, мај и јуни 2020 година 304 472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен промет од 21.414.380.426 денари. За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236 493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ.“, соопшти УЈП.
За корисниците на апликацијата кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот е стопирана. Истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците, односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка.
Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на аплкацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалната сметка.
Како најчести причини поради кои не е извршена исплатата се наведуваат: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија