Важат за едни од најпопуларните грицки на светот. И навистина кикириките се неизбежен дел од гурманските навики на повеќето луѓе. Дека се вкусни и „заразни“ нема да спориме, но во оснос на тоа колку се здрави за организмот, ви ги откриваме нивните добри и лоши страни.

Позитивно: Во секое зрно кикирика има многу хранливи состојки, кои делуваат позитивно на имунитетот и на општото здравје. Содржат биоактивни состојки кои делуваат како антиоксиданти и делуваат превентивно на многу болести. Богати се со витамини Б1 и Б3, Е, магнезиум, цинк, калциум, манган. Кикириките се едни од ретките мешунки, кои се богати со витамин Д.

Доколку умерено се конзумираат, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврснуваат ќелиите околу срцето.

Негативно: Кикириките спаѓаат во високо алергена храна, што значи дека е потребна голема внимателност за оние кои развиваат алергии. Затоа и се препорачува во исхраната на децата да се воведат по првата година од животот. Исто така, имаат високо калориска вредност и не треба да ги јадат лица кои се склони на дебелеење или оние кои сакаат да ослабнат. Спаѓаат во таканаречени „тешки“ плодови, што значи дека создаваат проблеми во желудникот и не се препорачуваат за лица кои имаат чувствителен желудник или проблеми со панкреасот.

Најважно од се` е дека единствена корист може да се има доколку се конзумираат печени, никако пржени, затоа што така се полнат со маснотии.