Македонија
Доделени дипломите на 56-тата генерација матуранти на Богословија

Во Македонската православна богословија (МПБ) Св.Климент Охридски – Драчево, во присуство на поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан, ректорот митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион, денес (11 јуни) беа поделени сведителствата и дипломите на 56-тата генерација успешно завршени матуранти-богослови.
По повод успешно завршената матура на учениците, свое излагање имаше пратеникот на владиката г. Јосиф, кој меѓу другото нагласи:
„Почитувани ученици денес сте исполнети со радост, бидејќи завршувате со еден период од вашиот живот. Успешното завршување на богословијата ве радува вас, вашите родители, вашите професори, не радува и сите нас овде присутни на оваа свеченост, ја радува и целата Македонска православна црква. До денес вие бевте ученици на Богословијата, а од овој ден станувате учители на народот. До сега ве оценуваа вашите професори, а одсега оцената за вашето познавање и однесување ќе го дава Бог и народот. Затоа гледајте да не паднете на тој испит. Запомнете, од денес животот е тој што ке ве кали и учи како треба да постапувате. Најпрво со труд, со работа, преку своето образование и саморазвитие, да си обезбедите место во заедницата. Работата го издигнува човекот и го води кон совршенство. Трудете се да бидете полезни за себеси и од полза на другите луѓе, па заедно со нив да го исполнувате законот Христов. Радувајте му се на животот и сакајте ја чесната и достоинствена работа. Трудете се во верата. Секогаш гледајте да се ослободите од лошите мисли, чувства и желби. Трудете се да мислите за Бога, да се насладувате од чудесниот Божји мир и да принесувате благодарност и слава на Бога за се. Служете пред се на Бога, на нашиот македонски православен народ, на нашата Македонска православна црква. Амин. Нека ви е честит овој успех и ви посакувам секое добро од Бога во животот.“
фото:тетовско-гостиварска епархија
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?