Поврзи се со нас

Македонија

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија ги додели годишните награди на ЗНМ. На настанот беа доделени трите главни награди –  „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење, но беа доделени и четири признанија и една плакета за посебен придонес во промоција на професионалното истражувачко новинарство.

Комисијата за членство во состав Соња Колевска Делевска, Среќко Поповски и Ријад Мурати покрај редовните награди, наградата за животно дело ја додели на Драган Ѓорговски, наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), додека награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење замина во рацете на Аднан Ќаили.

Драган Ѓорговски – Награда за животно дело

ИРЛ – „Јашар Еребар“ – награда за истражувачко новинарство

Аднан Ќаили – награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење

Добитниците на овогодинешните награди на ЗНМ се заблагодарија за наградите со најава дека нема да застанат тука, ќе продолжат да креираат и раскажуваат приказни вредни за јавноста.

Членовите на Комисијата одлучија да доделат една плакета за посебен придонес кон професионалното новинарство за известување од војната во Украина на Кристина Атовска и уште четири признанија за посебен придонес во професионалното истражувачко новинарство на Фросина Димевска, Мартин Пушевски , Петар Клинчарски, Ирена Мулачка.

Во своето поздравно обраќање Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кажа дека оваа година имаше голем број на апликанти кои пријавија навистина квалитетни стории во секоја категорија:

„Секоја година имаме се поголем број на пријавени кандидати за наградите, што особено ме радува бидејќи тоа е показател дека се уште има уште многу стории и приказни кои чекаат да бидат објавени и раскажани. Голема одговорност е да информираат граѓаните, а уште поголема да се биде во нивна служба. Имаме многу медиуми кои не секогаш се солидарни меѓу себе, но тоа не значи дека и ние новинарите и медиумските работници треба да го следиме тој пример. Ако медиумите се поделени, новинарите треба да бидат сплотени “ – кажа Чадиковски.

Годинава имаше вкупно 42 пријави од кои 18 апликации за наградата новинарско истражување на теми од локално и регионално значење, 17 за наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и уште 7 пријави за наградата за животно дело.

Здружението на новинарите на Македонија искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари за овогодинешниот конкурс.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена