Поврзи се со нас

Гостивар

Доделени наградите од Конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето, наградени и двајца ученици од Гостивар

Објавено

на

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

„Конкурсот е дел од активностите на Народната банка, посветен на помладата популација, поттикнувајќи ја на креативно размислување и освојување нови финансиски знаења. Според Анкетата на ОЕЦД за ЦЈЕ, 40 проценти од младите трошат повеќе од сопствените можности, имаат проблеми во управувањето со личните финансии, а само 15 проценти штедат, наспроти 60 проценти од младите во ЕУ. Оттаму, оваа година зададените теми беа поврзани со штедењето како клучна алатка за подобра финансиската иднина на младите,  истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска обраќајќи им се на присутните.

Таа нагласи дека штедењето е важен аспект во процесот на созревање на младите, бидејќи ги учи на рационално управување со средствата, коешто во голема мера ќе ја обликува и нивната иднина.

Според Николовски, финансиската писменост е една од најсилните алатки што ги имаме на располагање за да ги обезбедиме нашите финансиски можности и да ги постигнеме нашите финансиски цели. Затоа, нагласи дека важно е да го поставиме финансиското образование во центарот на нашите училишта, нашите заедници и нашите животи.

„Тоа е долгорочен процес и со негово вградување во наставните програми уште од најрана возраст се овозможува стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот“, рече Николовски.

Тој додаде дека подобро едуцирани и информирани граѓани подобро управуваат со своите лични финансии и претставуваат значаен фактор во градењето стабилен и сигурен финансиски сектор.

„Овој настан преминува во една прекрасна традиција и претставува инспирација за да се мотивираме себеси и другите како да ги ставиме финансиите во прв план за заедно да можеме да креираме подобра финансиска иднина за нас и нашите наредни генерации“, порача Николоски.

Конкурсот со кој се одбележува  Светскиот ден на штедењето − 31 октомври се одржа по единаесетти пат. Годинава, пристигнале вкупно 375 ученички творби на двете одбрани теми: „Штедам паметно – живеам подобро: Инвестирам во својата иднина“ за основното образование и „Штедењето – чекор кон финансиска независност“ за средното образование.

Комисиите за избор на најдобри творби, формирани од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, при изборот на трудовите за награда кај учениците од основното образование ги зела во предвид оригиналноста во индивидуалниот пристап, идејата, техничката умешност, инвентивноста, креативноста и сензитивноста. Кај оценувањето на есеите на учениците од средното образование, пак биле земени предвид опфатот и толкувањето на темата, како и начинот на изразување и креативно пишување.

Меѓу наградените за најдобар есеј се и учениците Ана-Марија Смилеска од гимназијата од Гостивар, под менторство на професорката Кристина Стефаноска и Едиан Абдули, ученик во 8-мо одделение во ОУ “Исмаил Ќемали” од Гостивар под менторство на наставничката Мерита Бањица.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 12 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 13 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 16 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 16 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 17 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 18 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 19 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена