Вести
Доделени признанија за 10 средношколци од Гостивар
Десетина гостиварски средношколци, ги презентираа веб страните што ги изработуваа изминатите три месеци во рамки на проектот TechUP. На завршниот настан, во просториите на Општина Гостивар, на учесниците им беа доделени признанија како потврда за успешно реализирање на активностите. Во склоп на проектот, средношколците имаа можност да ги научат основите на компјутерското кодирање на веб страна и дизајнираа свои сајтови.
„Целта беше преку ова искуство, младите, а посебно девојките, да ги поттикнеме да го продолжат образованието во областа на компјутерските науки. Веруваме дека на овој начин ќе им ги зголемиме и шансите за вработување“, рекоа координаторите на проектот.
Со активностите беа опфатени средношколци од сите националности, а предавањата се одржуваа на три јазици: македонски, албански и англиски.
Проектот TechUP се реализира од страна на Платформа за Зајакнување на Младите, а финансиски е поддржан од USAID и Општина Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград