Поврзи се со нас

Гостивар

Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе

Објавено

на

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија – молитва за татковината, а во мијачкото село Лазарополе,  беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и татковината, особено во Илинденското востание.

Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија со која чиноначалствуваше владиката Партениј, каде беше пречекан со особена љубов и гостопримство.  Црквата посветена на Свети Георгиј Победоносец беше претесна да ги прими стотиците верници, некогашни жители и нивни потомци, но и оние од соседните села, како и од Дебар.

Во беседата владиката Партениј рече дека „Светата Црква денес, преку примерот на Светиот Пророк Илија, нè повикува на едно подлабоко размислување за нашата вера, за патот што ни е даден преку милоста Божја“.

-Како наследници на богооткриената вистина, ние сме повикани со истата одговорност како и стариот Израил, кој бил повикан да живее во вистината и да ја чува светлината на спасителното откровение. Верата наша православна ни е основа од која извираат правомислието и просветлението, коишто потем ги обликуваат нашите обичаи и целокупниот живот. Од лажната, пак, вера произлегуваат морални падови, заблуда, декаденција. Не е тешко да се заклучи дека нашето време, за жал, е слично со времето на Светиот Пророк Илија, кој живеел среде народ што се оддалечил од Бога, наведе владиката во беседата.

Додаде дека и денес во христијанскиот свет, кој треба да биде светилник на моралот и на вистината и да влече напред, кон возвишеното, се случува едно големо морално пропаѓање, со стравотни последици. Доволно е, нагласи, да погледнеме наоколу, за веднаш да воочиме како духовниот распад се претставува како нова норма. Нихилизмот, релативизмот, исмевањето на сè што е свето станале верувањата и идеологиите на нашето време.

-Отворањето на Олимписките игри во Париз, на пример, беше соодветен сценски приказ на таа отворена декаденција, одраз на патот по кој новото време стрмоглаво нè води. И што е тоа што го гледаме како нова религија? Тоа е, всушност, религијата на старите лажни богови, или поскоро – идолите на материјалното и на личните страсти. Парите, самољубието, личните задоволства се старо-новите божества. Душата на современиот човек е оддалечена од живиот Бог. Последиците се очигледни: изопачени навики, морална ерозија, заборав на нашето Свето Предание. Заборавивме како се живееше во светоста, како нашите предци го почитуваа Бога и како животот во Христа им беше дел од секојдневието. Нашите родители нè учеа на љубов, на благочестие и на почит кон сè што е добро и богоугодно. Нашето минато беше исполнето со светлина и со доброта, и затоа и ние сме повикани да го зачуваме тоа наследство и да го пренесеме на идните поколенија, посака владиката Партениј.

фото:Бигорски манастир

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 6 часа

Три чаеви за тенок струк

Македонијапред 8 часа

Европска недела на мобилност: Изберете активен живот, движењето е здравје!

Гостиварпред 10 часа

Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар потпишаа меморандум, обезбедени образовни асистенти за средношколци со попреченост

Македонијапред 10 часа

„Студентски отпор“ со петиција за укинување на новите повисоки трошоци за студирање

Македонијапред 12 часа

Се намалува цената на горивата од полноќ

Македонијапред 12 часа

Скоро 2.500 лица во јавното здравство се со договори, се бара начин за трајни вработувања

Гостиварпред 13 часа

Жител на Чегране пријавил напад и оштетување на неговото возило

Македонијапред 14 часа

Граѓаните да внимаваат-Нови измами преку уреди за фишинг за превземање на платежните сметки

Вестипред 15 часа

Германија воведува проверки на сите граници со цел да се ограничи миграцијата

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена