Поврзи се со нас

Гостивар

Долга листа од над 9.500 невработени во Гостивар

Објавено

на

Безработицата е проблем број еден за голем дел од населението во гостиварскиот регион. Значителен број со години мачат мака да дојдат до работно место и да си обезбедат егзистенција.

Според податоците од државната Агенцијата за вработување, заклучно со 31 декември 2021-ва година, на подрачјето на Гостивар регистрирани се 9.531 невработено лице. Тоа го става Гостивар на четврто место по невработеност во земјава, после Скопје, Куманово и Тетово.

На долгата листа граѓани кои немаат работа, според степен на образование најбројни се лицата со основно или без никакво образование, кои ги има 6.694. Среднисти има околу 1.900, а со факултетска диплома 480. Работа бараат и 46 магистри на наука.

Невработеноста е проблем за граѓани од сите генерации. Така, 149 на листата се млади до 19 години, 1.060 имаат од 30 до 34 години, 280 се на возраст од 55 до 59 години, а толку ги има во евиденцијата и над 60 годишна возраст.

Поразително е што најголем дел од невработените, над 2.000, чекаат работа повеќе од две години. Околу 1.400 пак, вработување чекаат од 5 до 7 години.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена