Вести
Домаќините по гости – крадците им ги празнат домовите
Крадците го користат отсуството на домашните во сезоната на свадбени и други семејни свечености, како и за време на рамазанските пости и брзо и вешто ограбуваат домови. Искуството од минатите години, кажува дека голем дел од кражбите во гостиварскиот регион, се случуваат токму во сезона на прослави и празници. На арамиите не им треба многу време, влегуваат во становите и куќите преку незаклучени врати или незатворени прозорци, ги пребаруваат просториите и најчесто одземаат златен накит или пари.
Имајќи го сето тоа во предвид, полицијата упатува апел до граѓаните кога отсуствуваат од дома, одат по гости или на прослави, задолжително да ги заклучуваат влезните врати и да не ги оставаат прозорците подотворени. „Оние кои имаат можност да набават соодветна алармна или друга видео опрема се охрабруваат да го направат тоа, со што непосредно ќе придонесат за поефикасна заштита на куќите и становите“, препорачуваат од Секторот за внатрешни работи.
На граѓаните им се советува, исто така, доколку забележат непознати, сомнителни лица околу домовите, веднаш да ги пријават во најблиското полициско одделение или станица или на бесплатниот телефонски број 192.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди