Рецепти
Домашна пита со компир

Во услови кога поголемиот дел од времето го поминуваме дома, готвењето и пробувањето на нови рецепти може да биде креативна активност што ќе ни го одвлече вниманието од лошите вести. Овој викенд ви предлагаме да подготвите пита со компир.
Состојки:
– 400 мл вода
– 600 гр. брашно
– 2 лажици масло за тесто
– 6 средни компири
– 1 главица кромид
– сол, црн пипер
– масло за фил
Подготовка:
Замесете тесто од вода, брашно, масло и малку сол. Потоа, тестото поделете го на два дела и оставете ги на набрашнета работна површина покриени со крпа да отстои околу 20 минути.
За тоа време излупете го компирот и изрендајте го, ситно исецкајте го кромидот и додајте сол и црн бибер. Измешајте ги компирот и кромидот за фил. Едната половина од тестото развлечете го, попрскајте со масло и ставете од филот, па завиткајте во ролат. Завитканиот ролат ставете го во подмачкан плех. Така направете и со другата половина од тестото. Премачкајте одозгора со две лажици масло. Печете ја питата во претходно загреана рерна на 200 степени додека да зарумени.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар