Рецепти
Домашна пита со шампињони и лук (мрсна и посна верзија)
Во оваа пита со сигурност ќе уживаат љубителите на месено, кои ја сакаат и аромата на лук. Може да ја направите во мрсна или посна верзија, со менување на само една состојка.
Состојки:
за тесто
600 гр брашно
2-3 лажици масло
1/2 прашок за пециво
млака вода, масло
за фил:
1 кг. свежи шампињони
10 маслинки
2-3 главици лук
2 лажици кисела павлака (доколку сакате посна пита ставете кисела вода или доматен сос)
Сол, бибер, оригано, масло
Подготовка:
Измешајте ги состојките за тестото и убаво замесете го. Обликувајте го и ставете го да отстои. Исецкајте ги шампињоните, пропржете ги и оставете ги да се изладат. Потоа додадете им ситно сецкан лук, павлака (кисела вода, доматен сос), маслинките исечени на половина, зачини и масло.
Обликувајте го тестото според плехот во кој ќе се пече питата, а претходно намачкајте го со масло. Тестото растегнете го со рака и врз него распоредете го филот. Земете ги краевите од тестото и развлечете ги преку нанесениот фил. Откако филот ќе биде покриен со тестото, попрскајте ја питата со малку масло. Се пече на 200 степени околу половина час, односно додека не зарумени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар