Култура
Домашниот игран филм „Ах, љубов моја“ во Гостивар
Во гостиварскиот Центар за култура АСНОМ, во сабота и недела навечер ќе се прикажува македонскиот игран филм „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски. Филмофилите од Гостивар, конечно ќе може да изгледаат нов филм од домашната продукција на големо платно.
„Ах, љубов моја“ е приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку и поинаку од планираното.
Во филмот настапуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и други.
Комедијата „Ах, љубов моја“ премиерно беше прикажан на Скопскиот филмски фестивал во април. Филмот е во продукција на Авард Филм, КТ продукција и Квазар Филм.
Проекциите во Центарот за култура во Гостивар почнуваат во 20 часот, а билетот чини 100 денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди