Здравје и убавина
Домат – чувар на срцето полн со витамини

Иако првата асоцијација со доматите е салатата, овој зеленчук е многу повеќе од тоа.
Доматот е полн со растителни влакна, витамини, минерали и фитонутриенти и затоа е незаменлив на секоја маса. Богат е со витамини Б6, Ц и К, содржи бета каротен, биотин, ниацин, калиум, фосфор, калциум, железо, цинк и селен, како и многу органски киселини како што се лимонска и јаболкова, кои го одредуваат карактеристичниот вкус на доматите.
Поради високата содржина на антиоксиданси, доматот е вистински еликсир на здравјето. Комбинираното дејство на железо, витамин Ц, кое го содржи доматот, помага во синтеза на хемоглобин и создавање на нови црвени крвни клетки, што помага да се спречат или третираат разни видови на анемија.
Бидејќи содржи витамин Ц, калциум и фосфор, доматите се многу добри за здравјето на коските и забите.
Доматот ја подобрува работата на срцето помагајќи да се намали крвниот притисок поради високата содржина на калиум. Исто така, ја спречува оксидацијата на холестеролот, што е еден од првите чекори во формирањето на атеросклеротични плаки.
Ликопенот, кој се наоѓа во доматите, ја подобрува способноста на кожата да се заштити од штетните УВ зраци. Бидејќи е богат со витамини А и Ц, го прави корисен со намалување на стареењето на кожата и отстранување на несовршеностите на кожата.
Високата содржина на калиум и фосфор во сокот од црвен домат помага да се ублажат симптомите на стрес и замор, како и да се ублажат грчевите во мускулите.
За да ги искористите сите овие лековити својства на доматите, можете да ги јадете сурови или варени во различни јадења.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер