Гостивар
Донација амбулантно возило за Здравствениот дом Гостивар на иницијатива на Валбон Лимани
Здравствениот дом во Гостивар се поднови со модерно опремено Амбулантно возило, кое преку грант од Министерството за надворешни работи на Германија, го обезбеди невладината “Европски центар за развој, толеранција и соработка”, на иницијатива на шефот на кабинет Валбон Лимани, кој во случајов е проектен координатор. Возилото, чија вредност достигнува 38 илјади и 500 евра денес и беше предадено на установата.
„Нашата организација НВО “Европски центар за развој, толеранција и соработка” за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Гостивар, аплицираше за грант за амбулантно возило од малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кои имаат за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин. Проектот логистички е поддржан од Општина Гостивар. Благодарност до амбасадорката Анке Холштајн, како и директорот на Здравствениот дом д-р Јамин Синани за добрата соработка“, изјави Лимани.
Гостиварскиот Здравствениот дом, во чиј склоп работи Итната медицинска помош сега располага со 4 амбулантски возила, вклучувајќи го и новото. Директорот Јамин Синани смета дека со ова целосно се покриваат потребите на населението од овој регион.
„Ова е многу значајна донација за нашата установа и навистина сме благодарни за неа. Според стандардите на СЗО, едно амбулантно возило покрива 50 илјади население, што значи дека ќе ги заодоволиме потребите. Сепак, треба да се знае дека Гостивар е транзит за Албанија, кон Охрид и на ова подрачје се случуваат доста сообраќајни несреќи, во кои се вклучуваме за помош, па никогаш не можеме да кажеме дека е доволно од возила“, изјави Синани.
Новото Амбулантно возило е опремено целосно за транспорт и пружање на потребна помош за пациенти според европските стандарди.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба