Гостивар
Донација од таблети, школски прибор и пакети за децата Роми во Гостивар
Деца основци и дечиња кои посетуваат градинка од ромска националност во Гостивар добија таблети, школски прибор и играчки како помош и поддршка за следење на настава во вонредни услови, поради пандемијата со Ковид 19.
Донацијата ја обезбеди невладината „Сонце“ од Тетово во рамки на проект за подобар пристап и партиципација на ученици Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование.
Од таму велат дека целта е да се помогне на најранливите категории на деца и ученици Роми успешно да продолжат со образовниот процес, како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со коронавирусот.
„Обезбедена е помош за 28 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Гостивар, со прехрамбени и хигиенски пакети како и школски прибор. Исто така, 42 ученици во прво, второ и трето одделение ќе добијат таблети за следење на онлајн наставата“, рече Ферди Исмаили од НВО Сонце.
Директорката на градинките во Гостивар, Мирјана Мицоска вели дека донацијата е добредојдена, а соработката за реализација на проектот ќе продолжи и во иднина. „Имаме добра соработка со проектот, децата доаѓаа редовно во градника, а сега кога поради ситуацијата се дома, ја следат онлајн програмата што ја подготвуваат нашите воспитувачки“, рече Мицоска.
Помошта се дели во координација и со поддршка од општината, основните училишта и градинките.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград