Вработените на инфективното одделение во гостиварската болница се на првата борбена линија во битката против коронавирусот. Денес, во знак на благодарност и почит приватната компанија Елкос Груп им подари ваучери во вредност од по 2.000 денари.
„Маркетите на Елкос Гостивар направија донација, 30 ваучери од по 2.000 денари за лекарите и медицинските сестри на инфективното одделение. Тие се нашите херои кои се борат против ковид и ние одлучивме со ова мало внимание да направиме нешто за нив, како благодарност“, рече Арманд Прешева од Елкос Груп – ЕТЦ.
Благодарност за убавиот гест дојде од управата на болницата и од тимот на инфективно.
„Раководтсвото на Елкос во Гостивар отсекогаш донирале за болницата и покажувале подготвеност да излезат во пресрет кога тоа било потребно. Овојпат нивната одлука е да донираат директно за тимот на инфективно, кои со ваучерите ќе можат да се снабдат со производи од нивните маркети. Верувам дека овој знак на внимание, придонесува вработените почувсвтвуваат дека нивниот труд е ценет и вреден“, изјави директорот на болницата Јакуп Јакупи.
„Благодатиме за донацијата и на фирмата и посакуваме успешно работење. Ние остануваме и натаму во првите борбени редови против ковид и се надевам дека во иднина уште поефикасно ќе се справуваме со вирусот“, нагласи раководителот на инфективно д-р Ратко Наумоски