Гостивар
Донација за сиромашни семејства во Гостивар по повод Денот на борба против гладта
Дваесетина социјално загрозени семејства од Гостивар добија пакети со прехранбени продукти во рамки на одбележувањето на Денот на борба против гладта, 16 октомври. Акцијата ја организираше здружението „When in Trouble” во соработка со хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“, кое за таа цел ги намени средствата донирани на вчерашниот Меморијален турнир.
„Со делење на пакети со храна на најзагрозени семејства го одбележавме Меѓународниот ден на борба против гладта. Актуелната криза е дополнителен удар за социјално загрозените граѓани и сакавме на овој начин, во рамки на можностите, да им излеземе во пресрет, барем малку да им помогнеме со основни намирници“, вели претседателката на „When in Trouble”, Билјана Беловинова.
Здруженијата упатија благиодарност до сите донатори кои ја поддржаа акцијата и изразија подготвеност за натамошна соработка со цел да им се помага на граѓаните од ранливи категории.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар