Гостивар
Донирани компјутери, инвертер, логички игри за Центарот на „Заедно можеме“ во Гостивар

Децата со посебни потреби што го посетуваат новоотворениот Центар на здружението „Заедно можеме“ во Гостивар, наскоро ќе се вклучат во обуки за компјутерски вештини. Центарот доби донација од 4 компјутери, кои ќе се користат за таа намена.
Освен компјутери, донацијата која стигна од Исламскиот центар Ел Фуркан од Германија содржи и инвертер клима, печатар како и комплети со логички игри.
„Голема благодарност до Афет Рушити кој секогаш е подготвен да помогне за своето родно место, како и до Имерлие Салиу, која ја координираше оваа донација. Сега ни доаѓа месецот Рамазан, по кој повод, Исламскиот центар од Минхен обезбеди и ифтар за 25 семејствата на деца кои доаѓаат во нашите простории“, рече Шпенди Салија, претседател на „Заедно можеме“
Центарот на здружението „Заедно можеме“ се отвори со финансиски средства собрани преку донации, а услугите што ги пружа се бесплатни.
Децата го посетуваат центарот поделени во две групи, по два пати неделно. Петокот е ден резервиран за активности на отворено, прошетки, екскурзии и слично.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар