Вести
Донирани ранци и прибор за деца од ранливи семејства во Гостивар
Околу 200 дечиња од социјално ранливи категории од Гостивар, преку донација од иселеници беа опремени за успешна нова учебна година. Децата добија нови ранци, прибор и други потребни училишни помагала за следење на наставата. Донацијата е обезбедена преку Фондацијата “Иселениците од Швајцарија за Гостивар“ во соработка со Секторот за образование на општина Гостивар. Ранци и прибор им беа доделени и на децата со посебни потреби од специјалните паралелки во ОУ „Исмаил Ќемали“.
„Децата и нивната среќа за нас значи многу, затоа и сакаме да ги израдуваме на ваков начин. Со вакви акции ќе продолжиме и во иднина“, рече Аслиан Снопче, раководител на Секторот за образование.
За потребите на децата на почетокот на учебната година, родителите трошат просечно по една плата. Септември носи голем товар за семејниот буџет. Во тој поглед, хуманитарните акции и донациите се од голема помош за социјално загрозените семејства и ранливите категории граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград