Поврзи се со нас

Гостивар

Дополнително соопштение на Свештената Бигорска Обител за прославата на 1000-годишнината од основањето

Објавено

на

Бигорската обител, се подготвува за милениумскиот јубилеј и главниот настан кој ќе се одржи утре (18.10.2020). Со оглед на зголемениот број на случаи заразени со ковид-19 и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство, од древното македонско светилиште излегоа со дополнително соопштение по повод прославата на 1000-годишнината, кое ви го пренесуваме во целост:

„Возљубени пријатели на Свештената Бигорска Обител,

Ве известуваме дека поради зголемениот број случаи на заразени од ковид-19, како и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата на 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител ќе се одвива со строго запазување на предвидениот протокол за заштита.

Повторуваме дека програмата на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и два видео-екрани. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари, коишто ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за заштита.

Исто така, за оние коишто нема физички да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал.

Ви благодариме на разбирањето и ги просиме вашите молитви!“.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена