Гостивар
Дорис Димовска блесна на Охрид фест и освои награди
На овогодинешното 31. издание на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“, младата пејачка Дорис Димовска од Гостивар го потврди својот талент и потенцијал на музичката сцена со освојување на награди.
Со песната „Нека свети“, компонирана од Глигор Копров, текст на Весна Малинова и аранжман на Давор Јордановски, Дорис успеа да ги освои сите присутни и да ја понесе наградата за најдобра интерпретација. Песната доби награди и за најдобар текст и најдобар аранжман.
Учеството на Охрид фест за Дорис беше вистинско деби на голема сцена, таа настапи на Интернационалната вечер како најмлад учесник, а нејзиниот настап беше полн со емоции и ентузијазам. За време на фестивалот, имаше можност да се запознае и биде во друштво со многу познати имиња од музичката сцена како Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел и др.
„Со моментот на прогласување на победниците, сиот вложен труд околу подготовките за фестивалот и новата песна доби свое заслужено признание. Особено сум благодарна што, како најмлад учесник на фестивалот, овие награди ми дадоа дополнителен елан да продолжам понатаму во светот на музиката, со нови планови за учества и соработки.“, изјави Дорис за Gostivarpress.mk.
Во пресрет на фестивалот, беше снимен и спот за песната „Нека свети“.
Дорис пее од најмала возраст и до сега има настапувано на повеќе интернационални натпреварувања. За нејзините почетоци и досегашни достигнувања може да прочитате во интервјуто со неа кое Gostivarpress.mk го објави летово.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба