Здравје и убавина
Појадок кој го крепи целото тело
Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да го исчистите телото комплетно од насобраните токсини, ќе го забрза метаболизмот, а и ќе го реши проблемот со опстипација. Состојките поволно делуваат на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат нарушената цревна флора.
Покрај тоа што има здравствени предности, овој доручек ќе ви помогне и во губитокот на килограми. Се препорачува на ваков начин да го започнувате утрото, три пати неделно.
Еве што ви е потребно за подготвка:
– Овесни трошки: 3 до 5 супени лажици (може да користите и некој друг вид на житарки)
– Спелтини трици: 1 супена лажица
– Чиа семе: 2 до 3 супени лажици
– Изрендано јаболко
– Соино млеко од ванила или чоколада или некое друго млеко или јогурт. Може да се користи и некој природен овошен сок или сок од зеленчук.
Подготовка:
Одвечер, чиа семето, натопете го со малку млеко како би набабрило.
Наутро со чиа семето измешајте ги и останатите состојки и додадете уште малку млеко. За појадокот да биде уште повкусен, може да се додаде малку цимет, рендан кокос, дробен лешник или мелено ленено семе.
Овој појадок би требало да го изедете веднаш откако ќе станете, за метаболизмот веднаш да проработи како би согорил повеќе калории. После една или две недели ќе приметите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба од благо и нездрава храна, а и стомакот убаво ќе ви работи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди