Вести
Дождот ги прави коловозите лизгави – неопходна е внимателност

Поради обилните дождови кои неделава го зафатија и поширокото гостиварско подрачје и поради најавите на синоптичарите дека ќе продолжат и наредните денови, Секторот за внатрешни работи апелира до возачите да бидат максимално внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот, а пешаците – како се движат и каде ги преминуваат улиците.
„Можно е создавање на таканаречени „езерца“ на коловозите, кои го отежнуваат нормалното и безбедно движење на возилата, но и причинуваат нивна забележителна лизгавост. Покрај ова, интензивниот дожд многу често е причина и за одрони од камења и земја, пред се по долината на Радика, но и на магистралата Гостивар-Кичево, посебно на делот на кој странично блиску се наоѓаат карпи, како и за излевање на реките од своите корита“, предупредува полицијата.
Надлежните уште еднаш потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување и носење на зимска опрема, чие почитување посебно ќе се контролира од полициските службеници на Секторот за внатрешни работи. Оние кои нема да ја почитуваат ќе се соочат со глоба од 45 евра или со впишување на 25 негативни бодови.
Полицијата најавува дека ќе продолжи со планираните превентивни и контролни активности во пресрет на зимската сезона, во функција на непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на поширокото подрачје. Ова, дотолку повеќе што на ова подрачје и натаму голем е бројот на лицата кои управуваат без возачка дозвола, на нерегистрираните возила и на возачите кои пребрзо возат.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!