Гостивар
Дождот ризик плус во сообраќајот, апел од СВР Тетово да не се вози пребрзо

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 ноември) од 12 до 16 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која биле откриено и санкционирано вкупно 31 возило (ТЕ-25 и ГВ-6) кое ја пречекорило максимално дозволената брзина надвор од населено место Две возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час, девет за 50 до 70 километри на час и така натаму Покрај ова, санкционирани се и 11 возила, односно возачи кои ја надминале максимално пропишаната брзина во населено место, како и 3 други видови сообраќајни прекршоци.
„На сите возачи-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност. На оние,пак, кои пречекориле за над 50, односно 70 километри на час времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, извести полицијата.
СВР Тетово со апел и совет до возачите да не возат пребрзо и да ја прилагодат брзината според условите на патот Ова, дотолку повеќе што поради дождот деновиве коловозите се со вода и лизгави, што претставува ризик плус да ја изгубат контролата и да предизвикаат сообраќајни несреќи.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград